Византиски сјај
Иконите во оваа категорија се изработуваат долготрајно, на специјално третирана и обработена дрвена основа (орев, липа, даб). Се користат пигменти по византиска рецептура, 22-каратна позлата и изразени волуменозни украси, создавајќи вистински и уникатни ремек-дела, кои ја носат величествената историја на Македонија, во духот на византиското фреско-сликарство. Периодот за изработка на овие икони може да биде од 30 дена но и многу повеќе, во зависност од сложеноста на иконата, а резултатот…безкомпромисен во својот сјај, квалитет и во својата префинетост.
Showing all 10 results